/ Прочитано:

1.585

Воведена целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора

„Поради зголемениот ризик  од пожари од високите температури и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, како и големиот број локални пожари што се активни на терен, на барање на градоначалникот Шилегов, Владата на РС Македонија од денеска (03.08.2021, вторник) воведе целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора.

Апелираме до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.

Воедно доколку забележите пожар Ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195“, информираат од Град Скопје.

Целосна забрана за движење во шумските предели

М.В