Враќање на износ на име надомест на штета поради повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт
„Не може да се бара враќање на износот на име надомест на штета поради повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт кога исплатата е извршена врз основа на правосилна пресуда бидејќи исплатата е извршена на совесен прибавувач, при што не е од влијание тоа што во ревизиската постапка оштетениот е одбиен во тој дел на тужбеното барање“, се вели во правното мислење на Врховниот суд кое се однесува на прашање од областа на облигационите односи.
„Врховниот суд одлучувајќи во постапка по ревизија констатираше неуедначена судска практика при примената на член 205 од Законот за облигационите односи и правното прашање ‘кога може да се задржи применото’ во постапките за стекнување без основ, односно во случаи кога на оштетени лица врз основа на правосилни судски пресуди им бил исплатен надомест на штета поради повреда на телото, нарушување на здравјето или смрт, а кои пресуди во постапки по ревизија биле преиначени и досуден бил помал износ на надомест на штета или тужбеното барање било одбиено како неосновано при што основот врз основа на кој била извршена исплатата отпаднал“, се вели во образложението на правното мислење на Врховниот суд, кое во целост може да се преземе на следниот линк.
Сентенци на Врховниот суд за трансформација на работен однос и за понуда на нов променет договор
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В