Времено се прекинуваат постапките за издавање одобренија за градење во Охрид
„До донесување на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и постапките за вклопување на бесправно изградени објекти и времено се прекинуваат постапките за изработување и донесување на урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации, како и постапувањето по донесените урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации. Овие активности ќе продолжат по донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство“, соопштуваат од Владата.
Се подготвува нов Закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион
М.В