/ Прочитано:

3.031

ВРХОВЕН СУД: По истекот на рокот од 18 месеци, СЈО не е овластен тужител за предистражни и истражни дејствија

„Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на 30.01.2019 година, Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија, по повод иницијативите на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов, поднесени врз основа на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл. весник на РМ бр.83/18), утврди начелно правно мислење, кое гласи:

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Врховниот суд треба да одржи општа седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

Соопштение на Врховниот суд за одржување седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

М.В