Врховниот суд даде позитивно мислење за Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство
Врховниот суд на Република Северна Македонија даде позитивно мислење за Предлог -законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство. Позитивното мислење за Законот Врховниот суд го даде на одржаната Општа седница.
Со овој закон се уредуваат правото на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, условите за остварување на правото на паричен надоместок, видовите на паричен надоместок, основањето, статусот, составот и надлежностите на Комисијата за надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изборот, мандатот, престанокот на мандатот, како и разрешувањето на претседателот и на членовите на Комисијата, средствата за исплата на паричниот надоместок на жртвите, информирањето и поучувањето на жртвите, постапката за остварување на правото на паричен надоместок, правото на регрес, постапката во прекугранични предмети, како и евиденцијата и чување на податоците за остварување на правата од овој закон.
Жртвите од кривични дела ќе добиваат државна парична помош
Предлог-закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела
Се подготвува Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела
М.В