/ Прочитано:

3.395

Врховниот суд донесе заклучок за присуство на оштетен на расправа пред првостепен суд

Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на членовите 31 и 37 од Деловникот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, а во врска со примена на член 114 од Законот за кривичната постапка, на седницата одржана на ден 07.12.2021 година, донесе:

З А К Л У Ч О К

Првостепениот суд сторил суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 од Законот за кривичната постапка кога донесувајќи пресуда врз основа на признание на вина не го повикал на главна расправа оштетениот за да се произнесе по однос на имотно-правното побарување, кога штетата е квалификаторен елемент на законското битие на кривичното дело, а ниту располагал со докази за оштетното побарување.

О б р а з л о ж е н и е

До Одделот за казниви дела преку Одделот за судска пракса на овој суд, доставено е правно прашање на Апелациониот суд Скопје за одлучување по имотно-правно побарување на оштетениот согласно член 114 од Законот за кривичната постапка, при донесување на пресуда врз основа на признание на вина.

Апелациониот суд Скопје при постапување по предметите во жалбена постапка, констатира дека во постапките завршени пред првостепениот суд со пресуда врз основа на признание на вина, првостепените судови по даденото признание на вина од страна на обвинетиот, откако ќе изведат докази по однос на одлуката за кривичната санкција донесуваат пресуда врз основа на признание на вина, во која по изрекувањето на кривичната санкција спрема обвинетиот, оштетениот согласно член 114 од Законот за кривичната постапка, се упатува на спор.

Меѓутоа, иако ваквото постапување на првостепените судови при донесување на пресуда врз основа на признание на вина е во согласност со законските одредби кои ја регулираат постапката за донесување пресуда врз основа на признание на вина, оштетениот е присутен на рочиштето за главна расправа, но не се сослушува и истиот не се произнесува по однос на имотноправното барање, а доколку не е присутен и не бил уредно повикан на главна расправа, не се изведува доказ – записник за сослушување на оштетен во претходна постапка пред јавен обвинител и тоа во делот во кој се произнел по имотно-правното барање.

Поради наведеното, оштетениот не може да го оствари своето право на надомест на имотно-правно побарување во кривичната постапка која се води спрема обвинетиот, во смисла на член 114 од Законот за кривичната постапка, пред се за кривични дела, кај кои штетата е квалификаторен елемент на 2 законското битие на кривичното дело, при што износот на штетата е точно утврден во пресудата и оштетениот има право да му биде досудено имотноправно побарување, а судот согласно член 114 став 2 од Законот за кривичната постапка, има обврска да одлучи за имотно-правното побарување. Во Законот за кривичната постапка се предвидени условите кога оштетениот може да биде упатен имотно-правното барање да го остварува во спор.

Од друга страна, доколку оштетениот не предјавува имотно-правно побарување спрема обвинетиот, во тој случај постои обврска за примена на институтот – Конфискација на имот и имотна корист, согласно член 97 од Кривичниот законик, бидејќи никој не може да ја задржи непосредната и посредната имотна корист прибавена со кривичното дело и во случај кога оштетениот не предјавува имотно-правно побарување – надомест на штета, имотната корист треба да се одземе од обвинетиот во корист на државата.

Со оглед на погоре наведеното, во предметите во кои се донесени пресуди врз основа на признание на вина каде оштетените за имотно-правното побарување се упатуваат на спор, истите по однос на имотно-правното побарување без своја вина не можат во кривична постапка да го остварат своето имотно-правно побарување, иако е точно утврдено и штетата претставува битен и квалификаторен елемент на законското битие на кривичното дело, при што се создаваат дополнителни трошоци за оштетените.

Во жалбена постапка нема можност второстепениот суд да интервенира во овој дел од пресудата, со оглед дека во случај кога е изјавена жалба од оштетениот, а имотно-правното побарување не е досудено во кривичната постапка пред првостепениот суд, жалбата на оштетениот е недозволена, бидејќи истиот согласно член 411 став 4 од Законот за кривичната постапка, може да изјави жалба по однос на имотно-правното побарување само ако истото е досудено. Оттука, судот може оштетениот да го упати на спор само ако имотноправното барање е основано, а нема докази. Сосема друга е ситуацијата ако со утврдувањето на имотно-правното барање значително би се одолговлекувала постапката. Исто така, судот оштетениот ќе го упати на спор ако имотноправното барање е неосновано, а тоа се утврдува од фактите и доказите во постапката.

Со оглед на наведеното, Врховниот суд на Република Северна Македонија констатира дека кога условите за досудување на имотно-правното барање се исполнети, односно кога оштетениот предјавил имотно-правно побарување, а во постапката пред првостепениот суд нема да се повика оштетениот, или дошол, а не е сослушан и не се изведени докази за оштетното побарување, кои постојат во списите на предметот, а штетата е квалификаторен елемент на законското битие на кривичното дело и е донесена пресуда врз основа на признание на вина, при што не е одлучено за имотно-правното побарување, непосредно повисокиот суд по службена должност може да ја укине првостепената пресуда поради сторени суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 од Законот за кривичната постапка, бидејќи судот мора да донесе одлука за надомест на штета на 3 оштетениот, или да ја преиначи по службена должност доколку се располага со докази во таа насока.

Ова, значи дека нема дискрециона оценка на судот дали ќе одлучи по барањето за надомест на штета, или оштетениот ќе го упати на спор. Кога оштетениот не предјавил имотно-правно побарување, постои обврска за примена на институтот – Конфискација на имот и имотна корист, согласно член 97 од Кривичниот законик.

При одлучувањето, Врховниот суд на Република Северна Македонија ги имаше во предвид и меѓународните стандарди во однос на клучни аспекти за одземање на имот или имотна корист прибавени со кривично дело и тоа: Конвенцијата на Обединетите нации против транснационален организиран криминал од декември 2000 година, Конвенција на Обединетите нации против корупција од 2005 година, инструменти на Советот на Европа и тоа Конвенција за перење пари, откривање, заплена и конфискација на имотна корист од криминал и за финансирање на тероризам од 2005 година (ETS бр.198) „Варшавска конвенција“, како и инструменти на Европската Унија – Директивата 2014/42/EU од 2014 година („Директивата од 2014 година“).

ОДДЕЛ ЗА КАЗНИВИ ДЕЛА

Врховниот суд со правно мислење за надлежност на Советот за оцена на обвинителен акт согласно член 336 став 3 од ЗКП

Заклучок на Вишиот управен суд за трошоци во управен спор

Заклучок на Врховниот суд во врска со писмени обраќања и барања од Судскиот совет

Врховниот суд утврди повеќе заклучоци поврзани со пресудата на ЕСЧП „Синадиновска против РСМ“

Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија во спорови за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Начелно правно мислење за привремена мерка во извршна постапка

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ: Прибелешка на налог за извршување во имотен лист врз недвижност на стечаен должник пред отворање на стечај и разлачно право

Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија

Сентенца за надлежност во спорови за ништовност на одредби од одлука која создава имотноправни односи

Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација

Начелен став на Врховниот суд во врска со постапувањето со предметите и престанокот на судиската функција

Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина

Сентенца за надлежен орган за одлучување за притвор по укинување на првостепена и второстепена пресуда

Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист

Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда

Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице

Врховниот суд во сентенца за кривичното дело „Силување“ се повикува на праксата на Европскиот суд за човекови права

Правно мислење на Врховниот суд за прекинување на постапка за извршување кога странка е правно лице над кое е отворена стечајна постапка

Сентенца на Врховниот суд за повторно вештачење за проценка на веродостојноста на исказот на оштетеното дете

Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка

Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител

НАЧЕЛНО ПРАВНО МИСЛЕЊЕ: Ограничување на правата од колективен договор ако за време на важењето на колективниот договор се донесе закон

Врховниот суд за прописите укинати од Уставниот суд: Судска одлука не може да се заснова на пропис кој не постои во правниот поредок

Врховниот суд со сентенци за правниот интерес за утврдување вистинитост на исправа и за прекинот на рокот за застареност

Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда

Сентенца за правото на регрес во случај на оневозможување утврдување на присуство на алкохол во моментот на незгодата

Правно мислење на Врховниот суд за укинување на потврда за правосилност и извршност на извршна исправа

Правно мислење на Врховниот суд за амнестијата на правосилно осудени лица за кои претходно била издадена потерница

ВРХОВНИОТ СУД: Не треба да плаќаат надомест станарите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, не склучиле договор и не поставиле инсталација

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Застареност на побарувањето на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во стечајна постапка

Правно мислење на Врховниот суд за возачот почетник во случаите кога го управува возилото спротивно на пропишаните услови

КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета

ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Изјава на обвинет за откажување на некое од правата од член 206 став 1 од ЗКП

Правно мислење на Врховниот Суд: Јавниот обвинител има обврска да даде мислење по барањата за укинување или замена на мерката притвор

Сентенци на Врховниот суд за вознемирување насочено кон физичко лице и право на совладение врз неподелена ствар

Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка

Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка

Сентенца на Врховниот суд во врска со писмена изјава на работникот за продолжување на договорот за вработување

Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови

Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи

Сентенци на Вишиот управен суд за права од работен однос, даночни права, имотноправна област и други права

Сентенци на Вишиот управен суд за прашања од имотно-правната област, правата од пензиско и инвалидско осигурување и даночните права

Сентенци на Вишиот управен суд за имотни права, за права од пензиско и инвалидско осигурување и за даночни права

„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД

ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети

Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП

М.В