Врховниот суд го усвои новиот Деловник за работа

Врховниот суд на Република Северна Македонија го утврди конечниот текст и го усвои Деловникот за работа.

Со Деловникот за работата на Врховниот суд на Република Северна Македонија, се уредува организацијата на Врховниот суд, начинот на работа на претседателот на судот, судските совети, судските оддели, заедничката седница на судските оддели, седницата на судиите и општата седница.

Исто така, Деловникот има за цел да обезбеди законито, независно, непристрасно, ефикасно и навремено вршење на функцијата. Воедно, со Деловникот се обезбедува и непречено остварување на правата и обврските на странките, без оглед на нивната положба и својство.

Врховните судии одржаа работна средба за новиот Деловник

М.В