Врховниот суд ја потврди пресудата на Апелациониот суд за Сеад Кочан во предметот „Труст“
„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје.
Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, информираат од Врховниот суд.
Кривичен суд: Молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата во предметот „Труст“ е одбиена
Кривичниот суд: Упатен акт за еден од обвинетите во предметот „Труст“
Делумно уважени жалбите во делот на казните за обвинетите во предметот „Труст“
М.В
М.В