/ Прочитано:

1.431

Врховниот суд ја прифатил жалбата на СЈО за притворот на Талески

„Поднесената жалба е уважена, а решението на Апелациониот суд Скопје е укинато и предметот е вратен на повторно постапување“, велат од Врховниот суд.

Владимир Талески

Врховниот суд ја уважил жалбата на Специјалното јавно обвинителство која се однесуваше на одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го ослободи од куќен притвор градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, првоосомничен во предметот „Транспортер“.

„Поднесената жалба е уважена, а решението на Апелациониот суд Скопје е укинато и предметот е вратен на повторно постапување“, велат од Врховниот суд.

Покрај тоа, оттаму информираат дека на 6 овој месец до нив пристигнало барањето за заштитата на законитоста за случајот на Звонко Костовски, единствениот осуден во предметот „Пуч“ кој се спогоди со Обвинителството за организиран криминал и корупција и доби тригодишна казна затвор.

„Подносителот го поднел барањето преку пошта, со препорачана пратка, на 4.10.2016 година. Во овој контекст, Врховниот суд на Република Македонија не можеше претходно да постапува по барањето, како што беше повикуван во медиумите, бидејќи тоа воопшто не било доставено до судот. Веднаш по приемот на барањето, судот со писмо го повика подносителот да ги достави списите на судскиот предмет“, велат од Врховниот суд.

СЈО поднесе жалба до Врховниот суд за градоначалникот Талески

Апелациониот суд му го укина куќниот притвор на Талески