/ Прочитано:

1.228

Врховниот суд му ја укина мерката куќен притвор на Мијалков во предметот „Империја“

„Поради зголемениот интерес на медиумите во врска со предметот познат под името ‘Империја’, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија на 27 март 2019 година, донесе решение по предметот заведен под ВКЖ1. бр. 19/2019, со кое ја уважи жалбата на бранителот на обвинетиот С. М., адвокат Љупчо Шврговски од Скопје и решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ. бр. 116/19 од 28.02.2019 година го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор и го пушти обвинетиот да се брани од слобода веднаш по приемот на решението.

Решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 30.01.2019 година, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот С. М. е определена по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое нема својство на овластен тужител во оваа постапка.

Делот од решението со кое се наредува обвинетиот С. М. веднаш да се пушти да се брани од слобода се однесува на извршувањето на решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ. бр. 116/19 од 28.02.2019 година“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Целосниот текст на решенијата на Врховниот суд за укинувањето на мерката притвор за обвинетите во предметот „Империја“

Предлогот на автентичното толкување се усвојува со истото мнозинство со кое се донесува законот на кој се дава автентичното толкување

Јавниот обвинител на РМ ќе поднесе барање до Собранието за автентично толкување на членот 22 од Законот за СЈО

Заклучоци на стручниот колегиум на Јавното обвинителство за начелното правно мислење на Врховниот суд

Јавниот обвинител на РМ го свика стручниот колегиум за мислењето на Врховниот суд и предметите на СЈО

Според претседателот на Врховниот суд, законските одредби за СЈО се јасни

Законските надлежности на Врховниот суд

Според претседателот на Врховниот суд, законските одредби за СЈО се јасни

Кривичниот суд во целост го објави дописот до јавниот обвинител на РМ за постапувањето со предметите на СЈО

Кривичниот суд: Јавниот обвинител да се произнесе за постапувањето во предметите на СЈО

Постапката за барање автентично толкување во Деловникот на Собранието на РМ

ВРХОВЕН СУД: По истекот на рокот од 18 месеци, СЈО не е овластен тужител за предистражни и истражни дејствија

Врховниот суд треба да одржи општа седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

Соопштение на Врховниот суд за одржување седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО

М.В