Врховниот суд на Кипар ги разгледува жалбите на граѓаните против одлуката на Централната банка на Кипар
Вторник, 23 април 2013 – Врховниот суд на Кипар од денеска ќе почне со разгледувањето на жалбите од домашни и странски граѓани во кои се бара да се поништи одлуката на Централната банка на Кипар за депозитите во локалните банки и за нивната реконструкција. Одлуката на Врховниот суд ќе биде конечна и не предвидува обжалување на неговата одлука.
Во кипарскиот Врховен суд се поднесени 53 жалби на домашни и странски граѓани. Судот закажа сослушување за жалбите на заедничка седница. На 12 јуни истекува рокот за поднесување на жалби против одлуката на властите. Оттука се претпоставува дека до тогаш можат да пристигнат нови жалби за кои ќе се одлучува дополнително.
Жалбите се однесуваат на одлуката на Централната банка на Кипар и кипарската Влада за реконструкција на банките, донесена на 29 март оваа година.
Неколку дена пред одлуката на реконструкција на банките, се одржа драматичната 12-часовна средба со министрите за финансии од еврозоната на Кипар. Преку ноќ се договорија за спасувачки пакет, преку кој се направи обид за спречување колапс на државата и нејзин излез од еврозоната. Договорот за помош од 10 милијарди евра е договорен во Брисел со претставници на меѓународната кредиторска „тројка“: ЕУ, ММФ и Европската централна банка.