/ Прочитано:

2.216

Врховниот суд со правно мислење за надлежност на Советот за оцена на обвинителен акт согласно член 336 став 3 од ЗКП

Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 68 од Судскиот деловник („Службен весник на РМ“ бр. 66/2013 и 114/2014), како и членовите 31,34,37 и 41 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на РМ“ бр. 13/98 и 21/09), на седницата одржана ден 07.12.2021 година, го донесе следното:

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Согласно член 336 став 3 од ЗКП советот за оцена на обвинителен акт при ценењето на обвинителниот акт оценува дали природата, причините на обвинението и доказите доставени во прилог на oбвинителниот акт се подобни да го потврдат основаното сомнение за обвинетиот. Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите, ниту го оценува квалитетот на доказите само внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин во рамки на приговорот. Правната квалификација на кривичното дело при постоење на основниот облик на делото e предмет на расправа и оценка на судечкиот совет.

О б р а л о ж е н и е

До Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија преку Одделот за судска практика на овој суд доставена е Иницијатива за начелно правно мислење од Претседателот на кривичниот оддел на Основниот суд Струмица по следните правни прашања: 1. Дали одредбата од член 336 став 3 од ЗКП, му дозволува на Советот за оцена на обвинителен акт при ценењето на обвинителниот акт во однос на “списите на предметот и доказите доставени во прилог на обвинителниот акт“, да ги прочита доказите на обвинителството и ако според тие докази произлегува дека постои некој од основите за одбивање на обвинителниот акт, да донесе одлука согласно член 337 од ЗКП и

2. Дали одредбата од член 338 став 2 од ЗКП му дозволува на Советот за оцена на обвинителниот акт да ја промени правната квалификација на делото за кое обвинетиот се терети. Доколку може и обвинението Советот го одобри со друга правна квалификација, дали се прави повреда на принципот на двостепеност со оглед дека на Решението за одобрување странките немаат право на жалба.

Постапувајки по поднесенета иницијатива Врховниот суд на Република Северна Македонија го констатира следното оцената на обвинителниот акт е регулирана во член 336 од Законот за кривичната постапка, при што согласно став 3 од наведениот член на Законот, Советот за оцена на обвинителен акт го цени обвинителниот акт од аспект на наводите наведени во приговорот против обвинителниот акт, списите на предметот и доказите доставени во прилог на обвинителниот акт.

Приговорот е повод Советот да го испитува обвинителниот акт од формална и материјална страна.

При ценењето на обвинителниот акт Советот оценува дали природата, причините на обвинението и доказите доставени во прилог на обвинителниот акт се подобни да го потврдат сомнението на обвинетиот. Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите, ниту го оценува квалитетот на доказите, не се впушта во проценка на веродостојноста на исказите на сведоците и одбраната на обвинетиот, во оценка на противречните докази, ниту пак во доказната сила на собраните докази, само внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин во рамки на приговорот. Таквата оценка треба да ја препушти на судечкиот совет на расправа, во контрадикторна постапка, почитувајќи го принципот на еднаквост на оружјата.

Кај прашањето на доволност на докази не се цени кривичната одговорност, туку основаноста на сомнението која би го оправдала изнесувањето на состојбата пред судот.

Имајки ја предвид јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права „основаното сомнение“ дека било извршено кривично дело подразбира постоење на факти или информации со кои еден објективен набљудувач би можел да се убеди дека засегнатото лице веројатно го сторило делото (Ердагоз против Турција (Erdagoz v. Turkey), 22 окомври 1997 година, § 51, Reports of Judgments and Decisions 1997-VI; Фох, Кампбел и Хартли против Обединетото Кралство (Fox, Campell and Hartly v. the United Kingdom), 30 август 1990 година, § 32, Series A бр.182).

Што може да се смета за „основано“, сепак, зависи од сите околности на случајот (Фох, Кампбел и Хартли против Обединетото Кралство (Fox, Campell and Hartly v. the United Kingdom), 30 август 1990 година, § 32, Series A бр.182).

Сомнението треба да биде поткрепено со конкретни факти. Советот кој одлучува по приговорот не е овластен да цени дали фактите и околностите на кои обвинението се заснива пружаат сигурен доказ дeка обвинетиот сторил кривично дело, ниту дали се исполнети условите да биде огласен виновен, бидејќи тоа за обвинението не е потребно.

Оттука, за да опстане обвинението е доволно од изведените докази да може да се заклучи дека постои основано сомнение дека сторил кривично 3 дело, кое му се става на товар. Приговорот не е правен лек против судска одлука, туку правно средство за проверување на постоење доволно основи за изведување на обвинетиот пред суд.

Советот кој одлучува по приговорот не се впушта во анализа на докази, ниту во оценка на противречните докази. На расправа усмено, непосредно и во контрадикторна постапка тоа се остварува пред судечкиот совет, кога се имплементира стандардот на докажување преку испитување на целокупниот доказен материјал и се проценува неговата релевантност.

Оттука, Советот кој решава по приговорот цени само дали има докази и дали тие докази се подобни да го потврдат заклучокот дека постои основано сомнение дека обвинетиот извршил кривично дело.

Советот кој одлучува по повод приговорот доколку утврди дека не се исполнети условите за одбивање на обвинителниот акт како неоснован во смисла на член 337 став 1 точка 1 од Законот за кривичната постапка, ќе се впушти во прашањето за правната квалификација на кривичното дело дадена во обвинението само толку колку што е потребно за да се утврди стварната надлежност, или правилноста на постапката (задолжителна одбрана, притвор и слично). Квалификацијата која e дадeна од Јавното обвинителство не е задолжителна, а ниту описот на фактичката состојба која ја дало обвинителството, доколку тој опис не се согласува со состојбата на списите, а не со оценка на доказите. Оттука, по повод приговорот нема да се цени дека нема место за обвинение, ниту постапката ќе се запре ако правната квалификација е неправилна, а кривичното дело постои.

Правната квалификација на кривичното дело при постоење на основниот облик на делото е предмет на расправа и оценка на судечкиот совет.

Промената на правната квалификација на Советот за оцена на обвинителен акт е некомпатибилна ratione materiae со одредбите на Законот за кривичната постапка. Врз основа на наведеното, донесување на едно вакво Правно мислење, Врховниот суд на Република Северна Македонија смета дека е особено важно во ситуации кога условите во законот се доволно јасно и прецизно пропишани, но при толкување на истите да се оневозможи арбитрерност, дивергентност и неусогласеност, со примена на посистематичен и унифициран пристап при постапувањето.

Оддел за казниви дела

Заклучок на Вишиот управен суд за трошоци во управен спор

Заклучок на Врховниот суд во врска со писмени обраќања и барања од Судскиот совет

Врховниот суд утврди повеќе заклучоци поврзани со пресудата на ЕСЧП „Синадиновска против РСМ“

Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија во спорови за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Начелно правно мислење за привремена мерка во извршна постапка

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ: Прибелешка на налог за извршување во имотен лист врз недвижност на стечаен должник пред отворање на стечај и разлачно право

Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија

Сентенца за надлежност во спорови за ништовност на одредби од одлука која создава имотноправни односи

Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација

Начелен став на Врховниот суд во врска со постапувањето со предметите и престанокот на судиската функција

Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина

Сентенца за надлежен орган за одлучување за притвор по укинување на првостепена и второстепена пресуда

Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист

Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда

Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице

Врховниот суд во сентенца за кривичното дело „Силување“ се повикува на праксата на Европскиот суд за човекови права

Правно мислење на Врховниот суд за прекинување на постапка за извршување кога странка е правно лице над кое е отворена стечајна постапка

Сентенца на Врховниот суд за повторно вештачење за проценка на веродостојноста на исказот на оштетеното дете

Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка

Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител

НАЧЕЛНО ПРАВНО МИСЛЕЊЕ: Ограничување на правата од колективен договор ако за време на важењето на колективниот договор се донесе закон

Врховниот суд за прописите укинати од Уставниот суд: Судска одлука не може да се заснова на пропис кој не постои во правниот поредок

Врховниот суд со сентенци за правниот интерес за утврдување вистинитост на исправа и за прекинот на рокот за застареност

Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда

Сентенца за правото на регрес во случај на оневозможување утврдување на присуство на алкохол во моментот на незгодата

Правно мислење на Врховниот суд за укинување на потврда за правосилност и извршност на извршна исправа

Правно мислење на Врховниот суд за амнестијата на правосилно осудени лица за кои претходно била издадена потерница

ВРХОВНИОТ СУД: Не треба да плаќаат надомест станарите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, не склучиле договор и не поставиле инсталација

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Застареност на побарувањето на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во стечајна постапка

Правно мислење на Врховниот суд за возачот почетник во случаите кога го управува возилото спротивно на пропишаните услови

КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета

ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Изјава на обвинет за откажување на некое од правата од член 206 став 1 од ЗКП

Правно мислење на Врховниот Суд: Јавниот обвинител има обврска да даде мислење по барањата за укинување или замена на мерката притвор

Сентенци на Врховниот суд за вознемирување насочено кон физичко лице и право на совладение врз неподелена ствар

Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка

Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка

Сентенца на Врховниот суд во врска со писмена изјава на работникот за продолжување на договорот за вработување

Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови

Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи

Сентенци на Вишиот управен суд за права од работен однос, даночни права, имотноправна област и други права

Сентенци на Вишиот управен суд за прашања од имотно-правната област, правата од пензиско и инвалидско осигурување и даночните права

Сентенци на Вишиот управен суд за имотни права, за права од пензиско и инвалидско осигурување и за даночни права

„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД

ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети

Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП

М.В