Врховниот суд усвои жалба на судијата Мицевски против одлука на Судскиот совет
„Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седница одржана на 29.11.2021 година расправаше по повод жалбата на Зоранчо Мицевски, судија на Апелациониот суд Штип, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-39/25 од 26.07.2021 година, за негово разрешување од вршење на судиска функција. На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ бр.9/2021 со која што жалбата на жалителот ја усвои, а решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр. 10-39/25 од 26.07.2021 година го укина и предметот го врати на повторно разгледување и одлучување“, соопштуваат од Врховниот суд.
М.В