/ Прочитано:

1.731

Врховниот суд усвои жалба на судијата Стојанче Рибарев против одлука на Судскиот совет

„Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија расправаше по повод жалбата на Стојанче Рибарев, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-41/21-14 од 14.07.2021 година, за негово разрешување од вршење на судиска функција.
На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ бр.10/2021 со која што жалбата на жалителот ја уважи, а решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр. 10-41/21-14 од 14.07.2021 година го укина“, посочуваат од Врховниот суд.