/ Прочитано:

1.969

Врховниот суд усвои жалба на судијката Здравева против одлука на Судскиот совет

„Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија расправаше по повод жалбата на Сузана Здравева, судија на Апелациониот суд Штип, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-39/25 од 26.07.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.
На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ бр.8/2021 со која што жалбата на жалителот ја усвои, а решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр. 10-39/25 од 26.07.2021 година во однос на Сузана Здравева, судија на Апелациониот суд Штип го укина и во тој дел предметот го врати на повторно постапување“, соопштуваат од Врховниот суд.
М.В