Врховниот суд утврди повеќе заклучоци поврзани со пресудата на ЕСЧП „Синадиновска против РСМ“
Одделот за судење во разумен рок на Врховниот суд на Република Северна Македонија, согласно член 68 став 5 од Судскиот деловник и член 41 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницaта одржана на ден 25.10.2021 година, ги
утврди следните заклучоци поврзани со пресудата на Европскиот суд за човекови права Синадиновска против Република Северна Македонија бр.27881/06 од 16 јануари 2020 година:
ЗАКЛУЧОК
Пресудата на Европскиот суд за човекови права Синадиновска против Република Северна Македонија А.бр.27881/06 од 16 јануари 2020 година ќе претставува референтна одлука на која овој суд ќе се повикува и ќе ја цитира секогаш, кога ќе одлучува во предмети кои се слични со случајот Синадиновска против РСМ.
ЗАКЛУЧОК
Во случај на поднесено повторно барање за заштита на правото на судење во разумен рок од ист подносител и за иста судска постапка која е
сеуште во тек , правно релевантниот период повторно ќе се определи сметано од иницијалниот акт, само доколу претходно поднесеното барање за заштита на правото на судење во разумен рок било одбиено како неосновано.
ЗАКЛУЧОК
Извршувањето на правосилна пресуда заради остварување на судски утврдено право е составен дел на иницијалната граѓанска постапка и правно релевантниот период секогаш ќе се определува сметано од поведувањето на граѓанската постапка.
ЗАКЛУЧОК
При одлучување по поднесено барање за заштита на правото на судење во разумен рок, предмет на оценка ќе биде и времетраењето на постапката водена по повод ефикасен вонреден правен лек пред Врховниот суд на Република Северна Македонија.
ОДДЕЛ ЗА СУДЕЊЕ ВО РАЗУМЕН РОК
М.В
Начелно правно мислење за привремена мерка во извршна постапка
Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија
Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација
Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В