/ Прочитано:

1.934

Врховниот суд за решенијата на Кривичниот и Апелацискиот суд, во врска со определениот притвор за Сеад Кочан

Врховниот суд ги укина решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 и на Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје, со кои му беше одреден притвор на Сеад Кочан, осомничен од Специјалното јавно обвинителство во предметот „Труст“.

„Со пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Кзз бр.11/2017 од 11.5.2017 година, укинати се решенијата на Кривичниот совет на Основен суд Скопје I Скопје и Кривичниот совет на Апелационен суд Скопје. По вака донесената пресуда, Кривичниот совет на Основен суд Скопје I Скопје ќе треба да одлучува по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поднесена против решението на судијата во претходна постапка со кое е одбиен предлогот за определување на мерка притвор. Причините за ваквата одлука се повредите на законите од страна на пониските судови, кои се содржани во образложението на пресудата на Врховниот суд на Република Македонија, која може да ја најдете тука.“, се вели во соопштението на Судот.

М.В