/ Прочитано:

814

Врховниот судија од „Ликвидација“ од домашен притвор ставен зад решетки

Четврток, 13 јуни 2013 – Покрај седумтемината притворени во полициската акција „Ликвидација“ кои се наоѓаат во затворски притвор, од петокот им се придружи и поранешниот врховен судија. Кривичниот суд Скопје 1 во петокот одлучил мерката домашен притвор да му ја замени со притвор во затворот во Шуто Оризари.

Оваа информација за  за „Нова Македонија“ ја потврдил и  неговиот адвокат Јован Јоанидис. За Јоанидис, оваа одлука на Кривичниот суд е целосно несоодветна.

„Притворениот судија има сериозни здравствени проблеми и затоа се жалел пред судот наместо домашен притвор да му биде изречена мерка одземање на личните документи како мерка со која ќе се гарантира неговото појавување пред суд. Но наместо судот да го разгледа ваквото барање, тој експресно ја прифатил жалбата на јавнотообвинителство кое барало наместо домашен притвор осомничениот судија да биде ставен во притвор во затворот во Шутка, вели адвокатот Јоанидис за „Нова Македонија“.

Осомничениот судија беше единствениот што наместо притвор во Шуто Оризари,  судот му изрече мерка домашен притвор.