/ Прочитано:

963

Втор изборен круг ќе има во 29 општини и во градот Скопје

Среда, 3 април 2013 – По одлуките на Управниот суд, Државната изборна комисија соопшти дека повторување на гласањето во првиот круг ќе има на три избирачки места во општина Струмица како и на едно избирачко место во општина Долнени. Во вториот круг ќе се гласа во вкупно 29 општини и во градот Скопје. 

Општините каде ќе има гласање во вториот изборен круг се:

Арачиново, Берово, Богданци, Битола, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново Облешево. Во Охрид и Кичево нема да има прегласување во некои избирачки места, бидејќи тоа не влијае на конечниот резултат од изборите.

Гласањето во првиот круг од локалните избори заврши во вкупно 49 општини.