/ Прочитано:

1.631

Втор регионален форум за независност и ефикасност на судството

По повод Денот на правосудството 31 март, а во рамки на проектот Денови на правосудството – Независност и ефикасност на судството, Здружението на судиите на Република Македонија, со поддршка на Отсекот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во Скопје го одржа Вториот регионален форум, на кој учествуваа судии од апелациските подрачја Скопје и Гостивар.

Tемата на форумот беше  „Независност на судството – Предизвици за независно судство, балансирање помеѓу судската независност и одговорност“, на која учесниците дебатираа за повеќе правни и практични аспекти, со акцент на националните и меѓународните гаранции за независно судство, интегритет и други прашања од важност за зголемување на довербата во судството.

Фокусот на главната расправа беше насочен на предизвиците за независно судство, институционална и финансиска независност; основните стандарди за избор и разрешување на судиите.

Стана збор за претпоставките за судскиот интегритет со фокус на концептот на оценување на работата на судиите и нивниот професионален развој, како и целта на оценувањето vis a vis унапредувањето во кариерата.

На овој форум, велат од Здружението на судии, беа усвоени соодветни заклучоци како дел од финалните заклучоци, кои ќе бидат промовирани на Завршниот форум предвиден за 31 март 2017 година.

М.В