/ Прочитано:

2.946

Второ читање на Предлог-законот за данок на моторни возила

Со Предлог-законот a се уредува данокот на моторните возила наменети за употреба на територијата на Република Северна Македонија во поглед на настанувањето, пресметувањето и плаќањето на данокот на моторни возила, се уредуваат правата и обврските на обврзниците за плаќање на данокот на моторни возила и надлежностите на царинскиот орган во врска со данокот на моторни возила.

Со  законските решенија кои се предложени по скратена постапка се предвидува досегашната акциза на патничките автомобили да се регулира со нов посебен Закон за данок на моторни возила, во кој ќе се уреди оданочувањето на моторните возила.

Со новиот Закон за данок на моторни возила се предвидува промена во системот на оданочување на моторните возила, така што покрај вредносната компонента при оданочување на моторните возила данокот ќе се пресметува и врз основа на еколошката компонента која ќе произлезе од износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2, изразена во грамови по километар. Ова ќе придонесе за користење на моторни возила со пониска емисија на CO2,  ќе се стимулира увозот на нови и еколошки возила, што понатаму ќе овозможи намалување на загадувањето на воздухот, односно создавање на здрава животна средина за сите граѓани во Република Северна Македонија и истовремено ќе придонесе кон обновување на возниот парк.

Министерството за финансии подготвува нов посебен Закон за данок на моторни возила

М.В