/ Прочитано:

857

Второ читање на Предлог-законот за лобирање

Предлог-законот за лобирање е на дневен ред на Законодавно-правната комисија и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Предлог-законот е во фаза на  второ читање.

Основната цел на предложениот Закон за лобирање е транспарентност на процесите на подготвување, донесување и изменување на јавни политики, односно програми, закони, подзаконски или други општи акти. Целта на носењето на овој закон, се вели во законското образложение, е поефикасна превенција на корупцијата.

Една од препораките на ГРЕКО од Четвртиот круг на евалуација е да се воведат правила за односите на пратениците со лобисти и со трети лица кои настојуваат да влијаат врз законодавниот процес.

Во рамките на Петтиот круг на евалуација ГРЕКО препорача да се воведат правила со кои ќе се регулираат интеракциите на лицата што вршат највисоки извршни функции со лобисти и со трети страни кои сакаат да влијаат врз процесот на донесување одлуки; и редовно објавување на таквите контакти, вклучувајќи го и предметот на дискусија и идентитетот на лицата кои учествуваат и/или биле застапени на таквите состаноци.

Што претставува лобирањето

Комисиска расправа за законите за лобирање, за правда за децата и за пензиското осигурување

КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО

Објавен текстот на Предлог-законот за лобирање, кој ќе овозможи влијание при донесувањето прописи

Во подготовка измени на Законот за лобирање

М.В