/ Прочитано:

736

Второ читање на Предлог- законот за урбанистичко планирање

Предлог-законот за урбанистичко планирање е на второ читање пред законодавно-правната комисија и пред Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Со Предлог-законот се уредуваат системската и хиерархиската уреденост на урбанистичкото планирање во системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на урбанистичкото планирање и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање, постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови, надзорот над спроведувањето на одредбите на овој закон, како и други работи од областа на урбанистичкото планирање.

„Во Законот за просторно и урбанистичко планирање, по направената анализа, утврдени се одредени недостатоци и слабости во пропишаните законски решенија во различни сегменти од просторното и урбанистичкото планирање, поради што се појави потреба од изработка на нов предлог на Закон за урбанистичко планирање.

Со цел да се спречи намалување на јавниот интерес во планирањето, стручноста, експертноста и знаењето, граѓанската инклузивност и партиципативност и смислата на планирањето и контролата на просторниот развој, се појави потреба од предложување на нови законски решенија во оваа област.

Со новиот Предлог-закон за урбанистичко планирање се предлага на подобар и поефикасен начин да се уреди системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање, постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови, надзорот над спроведувањето на одредбите на законот, како и други работи од областа на урбанистичкото планирање, сè со цел уредување и хуманизација на просторот и заштита и унапредување на животната средина и природата, како и заради социјална, економска и еколошка одржливост на човечките населби.

Со Предлог-законот се предлага на нов современ, стручен и европски ориентиран начин да се уреди материјата на урбанистичкото планирање и да се овозможи просторниот и економскиот развој и широката партиципативност во него да бидат единствената прифатлива опција за решавање на проблемот“, се посочува во образложението на Предлог-законот.

Основни решенија во Предлог-законот се:

–  олеснување и упростување на постапките за изработување и донесување на урбанистичките планови и урбанистичките проекти,

– зголемување на транспарентноста, инклузивноста, партиципативноста и стручноста во процесот на изработување, донесување, спроведување и следење на спроведувањето на урбанистичките планови,

–   уредување на хиерархијата на урбанистичките планови и јасна поделба помеѓу општи акти за планирање на просторот и поединечни акти за нивното спроведување, како и јасна диверзификација на постапките и надлежностите за нивното изработување и донесување како и

– воспоставување законска основа за развивање и операционализација на информациски систем за следење на изработувањето, донесувањето, спроведувањето и следењето на спроведувањето на урбанистичките планови.

Јавна расправа за Предлог-законот за урбанистичко планирање

Компаниите сметаат дека е потребно допрецизирање на Предлог-законот за урбанистичко планирање

Новиот Закон за урбанистичко планирање во собраниска процедура

Измените на Законот за катастарот и новиот Закон за урбанистичко планирање влегуваат во собраниска процедура

Градежните компании со конкретни предлози за измените на законите од областа на градењето и урбанизмот

Компаниите укажуваат на недоречености во градежната регулатива

Измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење во собраниска процедура

Градежниците предлагаат промени на повеќе прописи од областа на градежништвото и безбедноста при работа

Потребна е реформа на законодавството од областа на градењето која ќе го заштити јавниот интерес

М.В