/Прочитано:

2.053

ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗКП

За да биде ефективен правен лек, АКРМ бара адвокатите да го поднесуваат барањето за заштита на законитоста непосредно до Врховниот суд

Адвокатската комора на Република Македонија бара измени на Законот за кривичната постапка во однос на вонредниот правен лек „барање за заштита на законитоста“. Ова барање на Адвокатската комора и на адвокатите е во рамките на коментарите и предлозите на Комората за Предлог-законот за кривичната постапка, доставени до Министерството за правда, кои Академик.мк тематски ќе ги објавува.

Од Адвокатската комора предлагаат барање за заштита на законитоста да можат да поднесуваат странките во постапката, а не само јавниот обвинител, како што е сега уредено во Законот за кривичната постапка.

„Против правосилни судски одлуки странките во постапката може да поднесат барање за заштита на законитоста, ако е повреден Уставот на Република Македонија, законот или меѓународен договор ратификуван согласно со Уставот на Република Македонија“, предлагаат од АКРМ во врска со членот 457 од ЗКП, кој се однесува на барање за заштита на законитоста.

Адвокатите, исто така, бараат и предлагаат измени на членот 458 од ЗКП, а во насока на тоа дека барањето за заштита на законитоста ќе се поднесува до Врховниот суд од страна на странките, а за седницата на Врховниот суд ќе бидат известени  јавниот обвинител и обвинетиот.

„Практичните искуства на адвокатите на одбраната се во насока на тоа дека барањето за заштита на законитоста не претставува ефективен правен лек поради тоа што адвокатите не можат директно да го поднесуваат до Врховниот суд, туку неговото поднесување зависи од оцената на обвинителот.

Потврда за тоа е и веќе воспоставената практика на Европскиот суд за човековите права, според која правен лек кој не може да се поднесе непосредно од засегнатата странка, туку зависи од јавен орган или службеник, не претставува достапен правен лек и не е потребно негово искористување пред поднесување на апликација (Lepojic v Serbia App No. 40965/10)“, образложува АКРМ во своите предлози до Министерството за правда.

Со промената на системот на кривичната постапка, нагласуваат од АКРМ, обвинителот е рамноправна странка во постапката и е нелогично примената на ова правно средство едната странка (одбраната) да го бара од другата странка (обвинителот).

„Важноста на правната заштита од повреди на Уставот на РМ, законот или меѓународен договор ратификуван согласно со Уставот на РМ ја наметнува потребата од измена на законското решение, така што, покрај јавниот обвинител, и обвинетите преку своите бранители да поднесуваат барање за заштита на законитоста директно пред Врховниот суд на РМ“, додаваат од Адвокатската комора на Република Македонија.

Публикација „Проблеми во примена на Законот за кривичната постапка од аспект на одбраната“

Адвокатите во Охрид дискутираат за проблемите во примената на Законот за кривичната постапка

Извештај за реформите во кривичноправното законодавство

Адвокатите ќе расправаат за новиот предложен Закон за кривичната постапка на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Во новиот ЗКП се предлагаат измени и во одредбите за известувањето на осомничениот за завршување на истражната постапка

АКРМ: Адвокатите да се вклучат со свои коментари во дискусијата за Предлог-законот за кривичната постапка

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП

ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

М.В