За десетина дена ќе се знае кој ќе биде новиот јавен обвинител на РМ

Вторник, 15 јануари 2013 – Актуелниот скопски јавен обвинител Марко Зврлевски е единствениот кандидат за кој се знае дека се пријавил за највисоката функција во обвинителство на неодамна истечениот конкурс за државен обвинител. Од Собранието каде се праќаат пријавите не откриваат кои се другите кандидати или дали воопшто ги има.

Марко Зврлевски, првиот човек на скопското Jавно обвинителство е единствениот кандидат за кој се знае дека се пријавил на огласот за државен јавен обвинител. Досегашниот државен јавен обвинител пак, Љупчо Шврговски чиј што 6-годишен мандат завршува за 10 дена, најверојатно како што вели ќе и се посвети на адвокатурата. 

Согласно прописите Советот на јавни обвинители дава мислење околу тоа дали кандидатите ги исполнуваат условите, а потоа Владата избира еден од кандидатите, по што предлогот оди во Собранието.