/Прочитано:

436

За неполна година извршени 8.227 надзори во врска со здравата и безбедна работна средина

 

Министерството за труд и социјална политика најавува подобрување на законската регулатива во доменот на унапредувањето на  здравјето на работниците.

„Здрава и безбедна работна средина води до поефикасни и попродуктивни работници. Во таа насока,  освен подобрување на законската регулатива, работиме на зајакнување на Државниот инспекторат за труд со стручен кадар. Примарната цел на овој инспекторат не е да ги казнува работодавачите, туку да контролира дали ги применуваат стандардите и мерките за безбедност на вработените на работните места. Тоа ќе го постигнеме со постојано зголемување на бројот на инспекциски надзори, кои според планот во 2019 година треба да изнесуваат 18.390, што е драстично зголемување во однос на претходниот период“, вели министерската за труд и социјална политика, Мила Царовска.

За споредба во 2017 година Државниот инспекторат за труд  извршил 7.406 редовни инспекциски надзори и 3.552 вонредни инспекциски надзори, а заклучно со август годинава Инспекторатот има направено вкупно 8.227 надзори.

За да може да се постигне добра пракса за безбедност и здравје при работа, развиена е Стратегија за безбедност и здравје при работа до 2020 година и Акциски план во кој се предвидени голем број на активности насочени кон системот на управување со БЗР,  во кој се вклучени и сите засегнати страни.

М.В