/ Прочитано:

1.500

За потребата од реформа на Уставниот суд на Република Македонија – научен труд од проф. д-р Тања Каракамишева

Автор: Д-р Тања Каракамишева, професорка на катедрата по Уставно право и политички систем на Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје.

1. За различните модели на заштита на уставноста и законитоста

Уставниот суд е посебен орган кој е чувар на Уставот во една земја како и заштитник на уставноста, законитоста, слободите и правата на гра|аните во рамките на националниот правен систем. Од организациска гледна точка, можат да се утврдат неколку модели на контрола на уставноста, и тоа:

1. Американски модел кој е заснован со случајот Марбери и Медисон (Марберy в. Мадисон од 1803 година) и согласно доктрината на Xон Маршал, според кој, уставните прашања се предмет на разгледуваше и решавање од страна на сите судови кои влегуваат во составот на редовното судство (при што постои децентрализирана, дифузна или дисперзирана постапка на контрола), и врз основа на организираwе постапка која е карактеристична за редовното судство (инцидентер). Додека американскиот модел со дифузен систем на заштита на уставноста ги овластува сите судови да ја оценуваат уставноста на законите, европскиот модел ја концентрира мо}та за оценка на уставноста во еден орган. Во Европа како примери на држави кои имаат усвоено американски модел на заштита на уставноста се Данска, Естонија, Ирска, Норвешка, Шведска, во Северна Америка покрај САД овој модел се применува и во Канада, во Африка во Боцвана, Гамбија, Гана, Гвинеја, Кенија и други.

>> Целосниот текст на трудот во прилог: За потребата од реформа на Уставниот суд на Република Македонија