/Прочитано:

158

За прекршување на здравствените протоколи, инспекторите веднаш ќе изрекуваат забрани

Владата ги усвои предлог-измените на Законот за заштита на население од заразни болести, со кои се предвидени нови поголеми овластувања на инспекциските служби за справување со прекршителите на протоколите за ковид-19.

Законските измени се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот инспекторат за транспорт и за другите инспекторати на централно и на локално ниво.

Според измените, доколку утврдат прекршување на здравствените протоколи, инспекторите ќе имаат овластување на самото место да изречат привремена забрана за вршење на дејноста во траење до 30 дена за правниот субјект.

Истовремено, со новите законски измени ќе се зголемат паричните казни за прекршителите на здравствените протоколи. Висината на казните ќе биде во зависност од големината на правните лица (фирмите).

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на население од заразни болести ќе стапат во сила откако ќе ги прифати и ќе ги одобри Собранието на Република Северна Македонија