/ Прочитано:

1.683

За примената на Законот за употреба на јазиците се предвидуваат средства од Буџетот и донесување програма за јавна свест

Според законското образложение, Законот за употреба на јазиците ќе предизвика фискални импликации во износ од 106 милиони денари, кои ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија.

Во Законот за употреба на јазиците е пропишано дека на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Исто така, друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик и неговото писмо (албански), во согласност со овој закон.

Во врска со последиците што ќе произлезат од донесувањето на овој закон, во законското образложение се вели дека во рок од една година од денот на влегувањето на сила на овој закон сите надлежни институции се обврзани да ги донесат подзаконските акти за спроведување на овој закон.

Исто така, во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на овој закон, институциите се обврзани да ги спроведуваат обврските наведени во членот 7 од овој закон. Владата на Република Македонија веднаш по влегувањето во сила на овој закон ќе развие програма за покренување на јавната свест за примената на овој закон. Исто така, во овој член е предвидено дека во рок од една година одредбите од другите закони ќе се усогласат со одредбите на овој закон. Во случај на неусогласеност на одредбите на овој закон со јазичните одредби на друг закон, органите се должни да ги применуваат одредбите од овој закон.

Што се предвидува во членот 7 од Законот?

(1) Називите на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, како и сите други институции и нивните подрачни единици во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо како и на англиски јазик. Називите ќе бидат со иста големина и фонт, при што називот на македонски јазик и писмо ќе биде напишан прв.

(2) Во подрачните канцеларии на органите од државната администрација кои покриваат најмалку една единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот, називите на канцелариите ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

(3) Печатите  на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон и сите други институции со седиште во Скопје или во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се испишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

(4) Институциите од ставот 1 на овој член ќе овозможат и придонесат во работата  ефективно да се користат, употребуваат и применат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

Што сe предвидува во Законот за употреба на јазиците

И Владата објави соопштение во врска со Законот за употребата на јазиците и Законот за Договорот од Преспа

ИВАНОВ: Станавме држава на слободно толкување на Уставот и законите

Годишно обраќање на претседателот Иванов

Обвинителството постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов

Претседателот на Собранието нема да го потпише Законот за употреба на јазиците наместо претседателот на Републиката

Што предвидува Законот за употреба на јазиците за постапките пред судовите, обвинителствата, извршителите и нотарите

ИВАНОВ ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон

Постапката по непотпишување на указот и укажувањата на претседателот на РМ во врска со Законот за употреба на јазиците

Уставните и законските одредби за прогласувањето на законите и потпишувањето и објавувањето на актите

Законот за употреба на јазиците, за кој се поднесени рекорден број амандмани, повторно пред пратениците

Што предвидува Законот за употреба на јазиците донесен од Собранието на Република Македонија

ТЕКСТОТ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Образложение и законски одредби

М.В