/ Прочитано:

527

За седум дена инспекциските служби спровеле 5.197 надзори и контроли

Во периодот од 29 март до 4 април, од страна на седумте инспекциските служби се спроведени вкупно 5.197 надзори и контроли. При спроведените надзори, Државниот пазарен инспекторат изрече 34 прекршочни пријави, 91 решение за констатирани неправилности, како и 43 прекршочни платни налози. Од вкупниот број решенија, осум решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти, односно на самото место се затворени осум угостителски објекти, и тоа по два угостителски објекти во Скопје и Битола, и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово, во кои не се почитувало работното време и/или ограничувањето за четири лица на една маса, информираат од Инспекцискиот совет.

М.В