За влез во објекти потребен е сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан ковид
Од денеска за влез во објектите потребен е сертификат со примени две дози вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките, да бидат одговорни и да се вакцинираат.
„Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот“, соопштија од Министерството за здравство, откако објавија за новите измени за влез во објекти.
Соопштение за рестриктивните мерки
Измени на ковид протоколите за работата на угостителските објекти
Соопштение за дополнувањето на рестриктивните мерки
Измените и дополнувањата на новите рестриктивни мерки
Најновите рестриктивни мерки, протоколи и препораки
Новите заклучоци на Главниот кризен штаб во врска со рестриктивните мерки
Соопштение на Владата во врска со новите рестриктивни мерки
М.В