/ Прочитано:

653

За Законот за јавното обвинителство потребна е јавна дебата, а не негово донесување преку ноќ

Блупринт групата за реформи во правосудството одржа прес-конференција посветена на актуелните случувања во областа на правосудството. Изнесувајќи ги своите ставови во однос на Предлог-законот за јавното обвинителство, Блупринт групата потенцираше дека не била консултирана во однос на законот и дека за ваков системски закон потребна е јавна дебата, а не носење на законски решенија преку ноќ.

Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ изјави дека ставот на Блупринт групата, како и во изминатиот период, останува константен, а тоа е дека СЈО како институција треба да се интегрира, а не да се асимилира во јавнообвинителскиот систем.

На прес-конференцијата претставниците на Блупринт групата го повторија својот принципиелен став, изнесен и во минатото, дека СЈО како институција мора да задржи степен на автономија при овој процес на интеграција во Јавното обвинителство. Исто така, посочена беше и потребата од конструктивност на политичките партии во реформските процеси, особено на претставниците од опозицијата, конкретно во поглед на изнаоѓање на прифатливи законски решенија за регулирање на статусот и надлежноста на СЈО.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права посочи дека во предметот „Рекет“ треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност и органите на прогон доследно да си ја извршат својата работа, без изнесување дезинформации во јавноста за да не се наштети на истрагата, а исто така и за да докажат дека навистина се борат против корупцијата во државата.

Јелена Кадриќ од Институтот за човекови права истакна дека Судскиот совет на РСМ изрекува мерки, најчесто суспендира судии само доколку има поднесено обвинителен акт од страна на Јавното обвинителство.

Блупринт групата најави дека и во наредниот период ќе продолжи будно да ги следи сите случувања во правосудството и ќе продолжи со имплементација на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2020“ финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Новините во предложениот закон за јавното обвинителство

Оставка на Катица Јанева

Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност

Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство

Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот  јавен обвинител

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство

М.В