Забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден
„Владата на Република Северна Македонија на денешната 68-ма седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.
Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.
Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2“, соопштуваат од Владата.
Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на МЗ за забраната за движење
Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април
Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за намалување на рестрикциите
Рестораните и угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, со некои исклучоци
Детали за новите рестриктивни мерки во пресрет на празниците
Владата донесе одлука да продолжи актуелната забрана и посебен режим за движење до 6 април
МИОА објави детали во кои случаи е дозволено движење за време на забраната
Донесена одлуката за забрана за движење од 22:00 до 5:00 часот
М.В