/ Прочитано:

1.486

„Забрането ракување и гушкање со гостите“ – една од мерките во протоколот за свадби

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 75-та седница на Владата и одговараа на прашања од интерес на медиумите и новинарите.

Портпаролите информираа дека Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олеснување на рестриктивните мерки кои беа донесени за спречување на пандемијата со КОВИД-19, меѓу кои се:

  • Се укинува обврската за носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;
  • Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;
  • Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;
  • Се укинува забраната за групирање на јавен простор;
  • Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 и оваа мерка ќе трае до 15.06.2021 година.
  • Портпаролите соопштија дека на вчерашната седница Владата го донесе Протоколот за организирање свадби/прослави и веселби со цел да ја уреди Одлуката со која се дозволува организирање на свадби, прослави и веселби  на отворен простор, односно летни тераси до максимум 100 лица и не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот.

На новинарско прашање за Протоколот за организирање на свадби/прослави и веселби, портпаролот Хоџа посочи дека се утврдени стандардни процедури со кои тие ќе се одвиваат и информираше за дел од нив.

„Стандардната процедура која веќе е воспоставена е на влез да се користи задолжително средство за дезинфекција и да се мери температура. Просторот на летните тераси да е отворен од трите страни, забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид на физички контакт со гостите. Музика, односно ангажирање на естрадни уметници е дозволено само при организирање на свадби, односно музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат и пеат помеѓу гостите. Дозволено е играње на подиумот со безбеден простор од 4 метри квадратни по лице и со почитување на препорачаната дистанца“, посочи Хоџа.

Тој наведе дека во случај на движење во затворениот дел на гостите задолжително е носење маска.

„Дополнително, во однос на одговорноста, на организаторот на прославата и менаџерите на угостителските објекти сакаме да истакнеме дека организаторот има обврска според протоколот да достави листа на гости до одговорниот менаџер на објектот, кој има обврска да го евидентира секој гостин на прославата. Исто така, организаторот има обврска да ги запознае сите гости со препораките од овој Протокол. Менаџерот на угостителскиот објект е должен да ја регистрира и пријави прославата во Угостителската комора“, посочи портпаролот Хоџа.

На прес-конференцијата беше упатен апел до граѓаните да ги почитуваат сите препораки, сите препорачани мерки се со цел заштита на јавното здравје.

Портпаролите посочија дека Владата го усвои Записникот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди Предлогот на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија заради заштита на јавното здравје. Оваа одлука  се предлага до Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 31 декември 2021 година.

Соопштение за новите олабавени мерки

НУК реагира за новите протоколи за угостителските објекти

Главниот кризен штаб ги прифати предлозите на Комисијата за заразни болести

Заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено, полицискиот час да остане на сила

Мерките за ограничување на движењето ќе продолжат до 1 јуни

Комисијата за заразни болести предлага да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки

Соопштение за новите рестриктивни мерки

Полициски час од 24:00 часот, угостителските објекти да работат до 23:30 часот – Комисијата донесе повеќе олабавени мерки

Забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на МЗ за забраната за движење

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за намалување на рестрикциите

Нови рестриктивни мерки

Рестораните и угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот, со некои исклучоци

Детали за новите рестриктивни мерки во пресрет на празниците

Владата донесе одлука да продолжи актуелната забрана и посебен режим за движење до 6 април

Секој граѓанин којшто ќе се најде на граница за време на полициски час мора да биде пропуштен за да стигне во својот дом

МИОА објави детали во кои случаи е дозволено движење за време на забраната

Донесена одлуката за забрана за движење од 22:00 до 5:00 часот

М.В