/ Прочитано:

1.528

Зачленувањето на Република Македонија во Агенцијата за фундаментални права на ЕУ во фокусот на средбата Османи – Саљији

Заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи, денеска ќе оствари средба со министерот за правдаБилен Саљији. Повод за денешната средба е зачленувањето на Република Македонија во Агенцијата за фундаментални права на Европската Унија (ФРА), истакнуваат од Секторот за европски интеграции.

Агенцијата за фундаментални права го мониторира статусот на европските вредности, како слободата, еднаквоста и човековите права. Разгледувајќи ги прашањата за човековите права,  Агенцијата врши вршење истражувања и давање препораки на институциите на ЕУ во врска со човековите права.

М.В