/ Прочитано:

1.186

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Јавното обвинителство донесе задолжителни упатства во врска со коронавирусот. Задолжителните упатства ги пренесуваме изворно и целосно:

ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ јавните обвинители на Вишите  јавни обвинителства и јавните обвинители на Основните јавни обвинителства извршувањето на функцијата на Јавното обвинителство да ја организираат и согласно заклучоците на 19 седница на Владата на Република Северна Македонија, на начин:

  • Во постапувањето приоритет им се дава и веднаш се земаат во работа кривичните пријави кои се однесуваат на кривични дела: Пренесување заразна болест по член 205 од КЗ, Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 од КЗ, Несовесно лекување болни по член 207 од КЗ, Неукажување медицинска помош по член 208 од КЗ, Спречување службено лице во вршење на службено дејствие по член 382 од КЗ, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 од КЗ, Организирање на отпор по член 387 од КЗ, кривични пријави од надлежни институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од други надлежни институции за справување со појавата и ширењето на коронавирусот COVID-19. Дежурствата се остваруваат согласно донесените распореди, а доколку треба да се преземат повеќе дејствија се ангажираат и други јавни обвинители и административен персонал.
  • Јавниот обвинител на Јавното обвинителство:

а) Утврдува кои конкретни работи и задачи (проучување на предмети, изготвување одлуки или други административни работи) можат да се извршуваат надвор од службените простории на Јавното обвинителство и одобрува работите да се извршат од дома,

б) Во Јавното обвинителство се води евиденција за одобренијата и дејствијата за вршење на задачите од дома. Извршувањето на работите од дома се засметува како време поминато на работа,

в) Јавниот обвинител или административниот службеник при извршувањето на работите од дома, должен е цело време да биде достапен и на повик од Јавното обвинителство да се врати во службените простории,

г) Непочитувањето на правилата за извршување на работа од дома, повлекува дисциплинска одговорност.

  • Јавниот обвинител на Јавното обвинителство со оглед на новонастанатата состојба, одобрува кои дејствија не се итни и нема за овој период да се извршуваат, туку по создавањето на редовни услови за нивно преземање.
  • Пред влегувањето на странките и другите учесници во постапката во објектите на Јавните обвинителства, задолжително се применуваат мерките за дезинфекција и здравствена заштита.
  • Во просториите во кои се преземаат дејствијата, задолжително да се постапи согласно препораките за здравствена заштита и да се обезбеди неопходната физичка оддалеченост на присутните учесници. Дејствијата се преземаат во простории кои ќе бидат определени од Јавниот обвинител на Јавното обвинителство. Во тие простории се врши зачестена дезинфекција. По исклучок, определено дејствие може да се преземе и во работната просторија на Јавниот обвинител, која претходно и по завршувањето ќе биде дезинфицирана.
  • За закажаните судења и судските рочишта, јавните обвинители да постапуваат согласно упатствата и насоките на Судскиот совет и претседателите на судовите.
  • Останува на сила ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО УПАТСТВО за постапување на Основното јавно обвинителство Дебар, Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство Гостивар за време на кризната состојба прогласена од Владата на Република Северна Македонија во општините Дебар и Центар Жупа од 13.3.3020 година.
  • Ова задложително упатство стапува во сила веднаш.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО

За постапување на Основното јавно обвинителство Дебар, Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство  Гостивар за време на кризната состојба прогласена од Владата на Република Северна Македонија во општините Дебар и Центар Жупа

Се задолжуваат вработените и јавните обвинители во Основните јавни обвинителства Дебар, Кичево и Гостивар, строго да постапуваат по препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи за време на прогласената кризна состојба.

Просториите задолжително да се дезинфицираат, да се зголеми степенот на хигиена, а странките и другите учесници во постапките, на влезовите во објектите, задолжително да го поминат процесот на дезинфекција.

Сите закажани странки и други учесници во постапките во Основното јавно обвинителство Дебар се одлагаат на неопределено време. Основното јавно обвинителство Дебар ќе ги прима сите кривични пријави, а ќе постапува само по притворски предмети и по кривични пријави за кривични дела: Пренесување заразна болест по член 205 од КЗ, Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 од КЗ, Несовесно лекување болни по член 207 од КЗ, Неукажување медицинска помош по член 208 од КЗ, Спречување службено лице во вршење на службено дејствие по член 382 од КЗ, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 од КЗ и Организирање на отпор по член 387 од КЗ. Странките и другите учесници по кривичните пријави за  овие кривични дела влегуваат во Обвинителството со задолжителна здравствена процедура и безбедност определена во мерките на Владата.

Основното јавно обвинителство Дебар ќе ги врши увидите на лице место од негова надлежност и од надлежност на Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство Гостивар на териториите на општините Дебар и Центар Жупа.

Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство Дебар со живеалиште во општина Охрид и административниот работник со живеалиште во Центар Жупа, неопходните службени должности ќе ги извршуваат од дома и се ослободуваат од доаѓање на работа во Основното јавно обвинителство Дебар.

Основното јавно обвинителство Кичево и Основното јавно обвинителство Гостивар, сите закажани странки и други учесници во постапката кои се со живеалиште или престојувалиште во општините Дебар и центар Жупа, ги одлагаат на неопределено време и не повикуваат нови за време на траењето на кризната состојба.

Ова задложително упатство стапува во сила веднаш.

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

Апел и препораки на Адвокатската комора до адвокатите

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В