/ Прочитано:

1.484

Задолжително водење евиденција и документација за лицата ставени под старателство

Измените на Законот за семејството се на дневен ред на денашната собраниска седница. Со предложениот текст на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за семејството, се вели во законското образложение, ќе се направи усогласување со Законот за прекршоци и ќе се воведе задолжително водење на евиденција и документација за лицата ставени под старателство.

„Со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за семејството  се врши усогласување на прекршочните одредби во делот на висината на изречените глоби со одредбите на новиот Закон за прекршоци донесен на 17 мај 2019 година.

Исто така со овој предлог – закон во делот на старателството се пропишува обврска центарот за социјална работа да води евиденција за лицата ставени под старателство, за преземените мерки на старателството и за имотот на лицето под старателство. Начинот и содржината на евиденцијата и документацијата ја пропишува министерот“, се посочува во образложението.

„Центарот за социјална работа е должен да води евиденција за лицата ставени под старателство, за преземените мерки за старателство и за имотот на лицето под старателство“, се пропишува во преложените законски измени.

М.В