/ Прочитано:

2.430

Задолжителното носење високи потпетици на работа претставува кршење на законите во Велика Британија

Според Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачите треба да го проценат ризикот на кој се изложени нивните вработени и треба да преземат разумни мерки за контрола на тие ризици. Свесното обврзување на жените да носат чевли со високи потпетици на работното место во Велика Британија се толкува како непочитување на одредбите од овој закон.

чевли

Компаниите што ги обврзуваат жените вработени кај нив да носат високи потпетици не го прекршуваат само Законот за рамноправност кој ги штити работниците од дискриминација на работното место во Велика Британија, туку и други закони.

Постојат очигледни докази за штетата причинета врз мускулно-скелетното здравје на жените кои носат чевли со високи потпетици и работодавците треба да бидат свесни за тоа. Според Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачите треба да го проценат ризикот на кој се изложени нивните вработени и треба да преземат разумни мерки за контрола на тие ризици. Свесното обврзување на жените да носат вакви чевли на работното место во Велика Британија се толкува како непочитување на одредбите од овој закон.

Дел од британските медиуми, меѓу кои „Би-би-си” и „Гардијан”, деновиве отворија онлајн дебата во која ги мотивираат граѓаните да ги споделат своите мислења и искуства во врска со оваа проблематика која навидум изгледа несериозна, но претставува глобална повреда на Законот за еднаквост и на Законот за безбедност и здравје при работа во Велика Британија.

Законот за рамноправност од 2010 година ги заштитува луѓето од дискриминација на работното место и во општеството. Пред да стапи во сила овој закон, постоеле неколку прописи кои се однесувале на прашањата против дискриминација: Законот против сексуална дискриминација од 1975, Законот за расните разлики од 1976 и Законот за дискриминација на лица со инвалидност од 1995 година.

Како што пишува „Би-би-си”, во еден случај во декември 2015, рецепционерката Никола Торп била принудена од работодавецот да го напушти работното место бидејќи не носела високи потпетици, по што таа започнала петиција со која бара вработените жени да имаат слободен избор за тоа какви чевли ќе носат на работното место,  на која се потпишале 152 420 граѓани, и на 6 март оваа година Парламентот на Велика Британија ќе расправа во врска со петицијата.