/ Прочитано:

4.478

Заедничка сопственост во брачна и вонбрачна заедница

Одредби од Законот за сопственост и други стварни права („Службен веснник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 92/2008, 139/2009 и 35/2010).

 Заедничка сопственост во брачна и вонбрачна заедница

Стекнување имот во брачна заедница

Член 66

Имотот на брачните другари може да биде заеднички и посебен.

Член 67

Имотот кој брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот претставува нивен заеднички имот.

Член 68

Имотот кој едниот брачен другар го имал во времето на склучувањето на бракот претставува негов посебен имот.

Како посебен имот ќе се сметаат и имотот и правото врз имотот што брачниот другар ќе го добие по основа на наследство, легат и подарок, како и стварите стекнати во бракот, а кои исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари, доколку не претставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички имот.

Секој брачен другар самостојно управува и располага со посебниот имот, доколку брачните другари во писмена форма поинаку не се договорат.

Член 69

Правото на сопственост на брачните другари врз недвижности кои се нивен заеднички имот во смисла на член 67 од овој закон се запишува во јавните книги на името на двајцата брачни другари како нивен заеднички имот.

Ако во јавните книги како сопственик на заедничкиот имот е запишан само едниот од брачните другари ќе се смета дека уписот е извршен на името на двајцата брачни другари.

Ако во јавните книги се запишани двајцата брачни другари како сосопственици на определени делови, ќе се смета дека на тој начин ги утврдиле деловите во заедничкиот имот.

Стекнување имот во вонбрачна заедница

Член 81

Имотот кој вонбрачните другари ќе го стекнат во вонбрачна заедница се смета за нивен заеднички имот.

Во поглед на управувањето и располагање утврдувањето на деловите на имотот стекнат во вонбрачната заедница и при делбата на имотот во вонбрачната заедница соодветно се применуваат одредбите на овој закон за заедничкиот имот на брачните другари.

Доколку сакате да го видите целиот закон, или треба да консултирате и други прописи на оваа тема, претплатете се на www.akademika.com.mk.