/ Прочитано:

1.932

Заедничко дејствување и организирани политики и програми можат да го унапредат женското претприемништво

Жените многу поретко влегуваат во бизнисот, особено во бизнисите кои носат голем профит. Токму затоа е многу важно да се работи системски и заеднички на јакнење на женското претприемништво, кое не може да се реализира без заедничко дејствување без заемна соработка и дијалог. Мора да постојат организирани политики и програми кои ќе го унапредуваат женското претприемништво. Она на што треба да се посвети големо внимание е самовработувањето на жените. Според податоците од Државниот завод за статистика само 18,4 отсто од сите самовработени граѓани се жени.

Жени директорки

Постојаните едукативни обуки, стручните семинари и работилниците во голема мера придонесуваат за јакнењето на женското претприемништво. Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со Агенцијата за вработување и Здружението на бизнис-жени од Македонија, информира дека голем процент од жените се вклучени во активните мерки за вработување, но Македонија, во споредба со останатите земји во регионот, сè уште заостанува во остварувањето на родовата избалансираност.  

Жените многу поретко влегуваат во бизнисот, особено во бизнисите кои носат голем профит. Токму затоа е многу важно да се работи системски и заеднички на јакнење на женското претприемништво, кое не може да се реализира без заедничко дејствување без заемна соработка и дијалог. Мора да постојат организирани политики и програми кои ќе го унапредуваат женското претприемништво. Она на што треба да се посвети големо внимание е самовработувањето на жените. Според податоците од Државниот завод за статистика само 18,4 отсто од сите самовработени граѓани се жени. Иако не постојат официјални податоци, неформалните истражувања покажуваат дека само околу 12 проценти од вкупниот број жени во сите сектори се на менаџерски позиции, а во приватниот сектор 6 проценти од жените се менаџерки, вели Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис-жени од Македонија.

Според административните податоци во Агенцијата за вработување, процентот на жени кои започнуваат сопствен бизнис е над 35,8 проценти.

„Процентот на жени кои започнуваат сопствен бизнис може да биде и повисок и добро е да биде така, но тргнувајќи од фактот дека пред 2007 година жените немале можност да бидат поддржани со мерка со којашто ќе можат да започнат бизнис, имаме напредок и од година во година тој процент сè повеќе се зголемува“, изјави Слободанка Алексовска, раководител на Центарот за вработување во Скопје. 

Оперативниот директор на Сојузoт на стопански комори на Македонија, Александар Зарков, истакна дека се бројни компаниите водени од жени, кои здружено дејствуваат во насока на подобрување на деловното опкружување.

„Со цел подобрување на работата на жените во приватниот сектор и нивна промоција, во рамките на Сојузот формирана е Групацијата за жени претприемачи која активно придонесува со свои предлози и мерки. Групацијата брои над 300 члена поточно жени на високи позиции во корпоративниот свет, но и жени сопственици на бизнис. Заеднички успеваме да придонесеме во стимулирање на одредени програми кои имаат за цел да ги поддржат жените во тековното работење преку реализација на наменски обуки за жените претприемачи и имплементација на различни проекти за поддршка во процесот на добивање на консултантски услуги и пристап до финансии за компаниите раководени од жени“, изјави Зарков.

Жените претприемачи велат дека за да се биде на менаџерска позиција во приватниот сектор потребно е, пред сè, да се биде истраен, да се изградат одлични бизнис-релации, но за вистински успех пресудни се меѓучовечките односи. На конкуренцијата гледаат како предизвик и мотив да се станува уште поуспешен.

А. Б.