Заев: Судството и обвинителството се независни од извршната власт
Премиерот Заев за неделникот „Фокус“, одговарајќи на прашање, категорично изјави дека судството и обвинителството се независни од извршната власт и дека власта не влијае на судот.
„Јас водев своевидна револуција против такви премиери и министри кои се јавуваа на судии и обвинители. Не смее никому да му падне на памет да се јави и да диктира пресуди, обвиненија“, вели Заев, посочувајќи дека оваа извршна власт не влијае на судот и дека е позната законската постапка за избор на судии и обвинители, кои се избираат преку Судскиот совет и преку Советот на обвинители и дека тоа се почитува.
М.В