/ Прочитано:

1.200

Заев: Власта следела илјадници граѓани

Сабота, 31 јануари 2015 – Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев на вечерашната пресконференција  обвини дека премиерот Никола Груевски, односно дека неговата владата со години следела илјадници граѓани и со тоа ги кршела и Уставот и законите. 

Заев тврди дека материјалите ги добил од македонски служби и од загрижени граѓани, а не како што тврди премиерот, од странски разузнавачки служби.

 

„Никола Груевски со заканата за судски процес против мене, нема да го спречи објавувањето на доказите, за тоа што оваа власт и го прави на Република Македонија. Вистината е дека доказите што ги поседуваме, се добиени од службите во Република Македонија под контрола на Груевски и неколку поединци околу него, што е уште еден доказ дека системот на контрола на ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа. Во Македонија има чесни и одговорни луѓе кои си ја сакаат сопствената земја“, истакна Заев.
 Лидерот на опозицијата негира дека го уценувал Груевски. „Јас никогаш никого, ниту сум уценувал, ниту ќе уценувам. На Никола Груевски јасно и прецизно му кажав дека поседуваме докази за неговото криминално владеење, а на цела Македонија и ветив дека никој нема право вистината да ја сокрие од граѓаните на нашата татковина“, истакна тој. Заев ја повика меѓународната заедница внимателно да го следи целиот процес. „Поради тоа што постои целосна спрега помеѓу МВР, обвинителството и судството, ја повикуваме меѓународната заедница внимателно да го следи и соодветно да реагира во целиот процес, поради тоа што се работи за слободата и демократијата на земја членка на Обедниетите нации и земја кандидатка за членство во ЕУ“, рече Заев. MВР поднесе кривична пријава против Заев за насилство кон претставници на највисоките државни органи.

>> Груевски: Заев ме уценуваше со противуставно стекнат материјал >> МВР ги сомничи Заев и Верушевски за пуч