Загина Никола Младенов, новинар и сопственик на „Фокус“
Среда, 27 март 2013 – Никола Младенов, еден од најпознатите македонски новинари и сопственик на неделникот и на дневниот весник „Фокус“, загина во сообраќајна несреќа во близина на скопската населба Хиподром.
Патничкото возило со кое се превезувал излетало од патот. Информацијата ја потврдија и од редакцијата на „Фокус“.
МВР потврди дека имало несреќа, но засега се уште не го соопштува идентитетот на жртвата. На местото на настанот во моментот се врши увид.