/ Прочитано:

939

Загреб: Повеќемесечните оргии на близнаците завршија кобно, едниот со нож во срце го усмрти другиот поради девојката што ја делеле со месеци

Четврток, 3 јануари 2013 – Љубовен триаголник во загрепската населба Трешњевка заврши кобно за Ведран Томас (31) кој доби смртоносен убод од нож во градите, а му го нанесе неговиот брат близнак Мирослав. Полицијата претпоставува дека станува збор за расправија поради тоа што близнаците со месеци делеле иста девојка, 24 годишната Долорес Д. Според првичните информации, Долорес била девојка на Ведран, но во садо мазо оргиите учестувале сите тројца.

Мирослав Томас (31), Долорес.Д (24) -По објавувањето на сликата на ФБ, почнала расправијата меѓу близнаците

Расправијата започнала откако Мирослав веднаш по полноќ на сојот Фејсбук профил ја објавил фотографијата со Долорес. Таа е единствениот очевидец на кобната вечер, а полицијата ја исклучила можноста Долорес да учествувала во убиството. Според нејзиниот исказ, таа се наоѓала во друга просторија кога слушнала расправија, потоа го видела своето момче Ведран како лежи на земјата. Најпрво заедно со Мирослав биле во шок, мислеле дека на Ведран му е повредена раката, но кога му ја откопчале кошулата сфатиле дека има рана во срцето од која не престанува да тече крв. Во паника Долорес му рекла на Мирослав да викне брза помош, а тој откако сфатил што сторил се обидел да го реанимира брата си. За кратко, Ведран добил прва медицинска помош, но сепак подлегнал од повредата која му била нанесена директно во срцето.

Полицијата се уште детално го расветлува случајот, но од она што го пишуваат хрватските медиуми, станува збор за љубомора меѓу близнаците поради Долорес. Претходно во истиот стан живеела и девојката на Мирослав, која пред неколку месеци се иселила оттаму откако ја прекинала врската со него. Долорес во полициска станица потврдила дека често како хоби им биле садо мазо оргии во кои учествувале близнаците со своите девојки, но откако Мирослав ја загубил девојката, близнаците продолжиле да ја делат Долорес.

Ведран Томас (31)

Мирослав Томас како главен осомничен за убиството во моментов се наоѓа во притвор. Иако претходно тврдел дека го нашол брата си кога се вратил од прославата на новогодишната ноќ, потоа случајот скоро и да добил завршница со исказот на девојката која била во станот.

Соседите шокирани, близнаците 15 години живееле мирно

Едниот близнак е лекар, а другиот стоматолог. Соседите шокирани од убиството на близнакот што се случило во новогодишната ноќ. На новинарите им раскажуваат дека браќата се од добро ситуирирано семејство кое никогаш немало расправии и тепачки. Нивните родители живеат во куќа на другиот крај од Загреб, но браќата се во станот преку 10 години. За нив, соседите велат дека се добри, културни, немало викотници, единствено гледале различни девојки како влегуваат кај нив во стан, но бидејќи никогаш немало врева, на никого не му пречеле честите посети во зградата.