/ Прочитано:

506

Зајакнување на институционалната комуникација меѓу Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски потпишаа Меморандум за зајакнување на меѓуинституционалната комуникација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Државниот завод за ревизија.

Целта на документот е подобрување на квалитетот и начинот на меѓусебната соработка и комуникација заради навремено, целисходно и ефикасно постапување по утврдените состојби во конечните ревизорски извештаи.

Со потпишување на меморандумот двете институции се обврзуваат да дејствуваат заеднички во насока на обезбедување навремена, непосредна и отворена комуникација со која ќе се обезбедат суштествени информации поврзани со ревизорските наоди, даденото ревизорско мислење и дадените препораки содржани во ревизорските извештаи.

Потписниците на меморандумот се обврзуваат целокупната меѓуинституционална комуникација да ја остваруваат согласно законските надлежности и врз основа на принципите на доверливост и взаемна почит.

Текстот на меморандумот на следниот ЛИНК.