/ Прочитано:

1.285

Заклучок на Судскиот совет во врска со претставките и поплаките за работата на судиите

Од Судскиот совет на Република Македонија информираат дека е донесен заклучок во врска со претставките и поплаките на граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.

„По претставките и поплаките  на граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите поднесени по имејл до Судскиот совет на Република Македонија, лицата кои во согласност со Годишниот распоред за работа на Судскиот совет на РМ се задолжени за следење и прием на дописи по електронски пат  веднаш по приемот на претставка и поплака по имејл треба да ги известат подносителите дека треба да поднесат претставка во писмена форма, која треба да биде потпишана или дека претставката поднесена на службениот имејл треба да содржи електронски потпис“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

М.В