Заклучок на Вишиот управен суд за примената на член 58 став 2 од Законот за прекршоците
Вишиот управен суд на седница на судии одржана на ден 12.11.2021 година, продолжението на седницата на ден 26.11.2021 година и 13.12.2021, по однос на примената на член 58 став 2 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/2019) и карактерот на рокот за поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка односно дали истиот е преклузивен или инструктивен рок, со мнозинство гласови го усвои следниот:
З А К Л У Ч О К
Со оглед на тоа што во Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/2019) не се содржани одредби кои нормираат каква последица настанува доколку истече рокот за поведување на прекршочна постапка од член 58 став 2 од Законот за прекршоците, а не се преземе ова дејствие и која одлука ја носи прекршочниот орган односно надлежен суд во случај кога е поднесено барање надвор од овој рок, треба да се смета дека рокот за поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка од член 58 став 2 од овој закон има инструктивен карактер што нема за последица барањето за поведување на прекршочна постапка да се отфрли како ненавремено, туку може да биде само причина за поведување на постапка за одговорност против овластеното службено лице кое го пречекорило рокот за преземање на ова дејствие.
ВИШ УПРАВЕН СУД, СЕДНИЦА НА СУДИИ
Врховниот суд донесе заклучок за присуство на оштетен на расправа пред првостепен суд
Заклучок на Вишиот управен суд за трошоци во управен спор
Заклучок на Врховниот суд во врска со писмени обраќања и барања од Судскиот совет
Врховниот суд утврди повеќе заклучоци поврзани со пресудата на ЕСЧП „Синадиновска против РСМ“
Начелно правно мислење за привремена мерка во извршна постапка
Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија
Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација
Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В