/Прочитано:

1.212

ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети

Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија одржана на 14.12.2015 година, расправаше по правното прашање: „Дали во случаите кога се исполнети условите за враќање на одземените предмети, таквата одлука треба да ја донесе судот или прекршочниот орган?“.

pravosudstvo-2-e1362989705514.jpg

На општата седница едногласно е усвоен Заклучокот за враќање на одземените ствари, предмет на прекршокот, надлежен за одлучување е судот односно прекршочниот орган пред кој се води постапката.

О б р а з л о ж е н и е: Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија  расправаше по поставеното правно прашање и врз основа на дискусијата и изнесените мислења едногласно го донесе горенаведениот заклучок. По детална анализа на правното прашање се утврди дека  надлежноста за одлучување за враќање на одземените ствари, предмет на прекршокот, зависи од тоа каде се наоѓаат списите на предметот и кој мериторно одлучува по истите. Доколку списите на предметот се наоѓаат пред прекршочниот орган, тогаш тој орган ќе одлучи и за враќање на одземените ствари, предмет на прекршокот. Доколку списите на предметот се наоѓаат пред Управниот суд или Вишиот управен суд и истиот одлучува мериторно, тогаш тој суд ќе одлучи за  враќање на одземените ствари, предмет на прекршокот. Доколку пак судот пропуштил да одлучи за враќање на одземените ствари, предмет на прекршокот, тоа ќе го стори со дополнителна одлука (член 7-а од Законот за управни спорови, а во врска со член 328 од Законот за парнична постапка).

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП

М.В