Заклучок на Врховниот суд во врска со писмени обраќања и барања од Судскиот совет
Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија, согласно член 35 став 1 алинеја 6 и член 37 став 1 алинеја 14 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006…96/2019), на ден 19.10.2021 година, го усвои следниот:
З А К Л У Ч О К
Член на Судски совет, државни советници и други вработени во Судскиот совет на Република Северна Македонија, согласно член 8 и член 40 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија не се овластени да ги потпишат писмените обраќања до Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и по такви обраќања Врховниот суд на Република Северна Македонија НЕМА ДА ПОСТАПУВА.
Судскиот совет нема надлежност која произлегува од член 36 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, да бара да се достави извештај за застарени предмети и стари нерешени предмети и тоа по години, видови и судии, со прилог изјави на судиите кои работат на предметите со образложени причини во однос на досегашното постапување по тие предмети, како и причини за настапување на
застареноста и нерешавањето на старите предмети.
Врховниот суд на Република Северна Македонија нема да постапува по поднесеното барање за доставување на податоци на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр. 03-1571/1 од 13.10.2021 година потпишано од член на Судскиот совет и од причини содржани во став 1 од Заклучокот.
Врховен суд на Република Северна Македонија
Општа седница
Врховниот суд утврди повеќе заклучоци поврзани со пресудата на ЕСЧП „Синадиновска против РСМ“
Начелно правно мислење за привремена мерка во извршна постапка
Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија
Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација
Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В