/ Прочитано:

1.741

Заклучок на Врховниот суд за примена на принципот на правично судење имплементиран во пресудата на ЕСЧП Транскоп АД Битола против РСМ

Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно член 68 став 5 од Судскиот деловник и член 31 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.14/2022 од 20 јануари 2022 година), на седницата постапувајќи по Препораката на Бирото за застапување на РСМ по предметот Транскоп АД Битола против РСМ, А.бр.48057/12, од 01 април 2021 година, за почитување на начелото на еднаквост на оружјата и на принципот на контрадикторност на кривичната постапка од член 6 став 1 од ЕКЧП, на ден 31.01.2022 година, го донесе следниот:

З А К Л У Ч О К

Принципот на правично судење подразбира право на одржување на главна расправа и почитување на принципот на контрадикторност на постапката, кои треба да се применуваат и во постапката за одземање на предмети, со обврска на судот поднесоците на едната страна да ги достави на увид и на одговор на спротивната страна, вклучително и вештачења, со што ќе се почитува принципот на еднаквост на оружјата пред првостепениот суд, а согласно пресудата на Европскиот суд за човекови права (Транскоп АД Битола против Северна Македонија), бр.48057/12, § § 29-35, 1 април 2021 година).

О б р а з л о ж е н и е

Oдделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 31.01.2022 година расправаше по дописот со Препорака на Биро за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр.0901-36/1 од 25.01.2022 година, за предметот (Транскоп АД Битола против Северна Македонија, А.бр.48057/12, пресуда на ЕСЧП од 01 април 2021 година), за донесување од Врховниот суд начелен став и/или Одделот за казниви дела на Врховниот суд да донесе заклучок, со кој ќе се адресира прашањето за одржување на усна расправа особено во постапка за одземање на предмети, како и обврската на домашните судови да ги достават поднесоците од едната страна на увид и одговор на другата страна, вклучително и вештачења изготвени по наредба на судот за почитување на принципот на еднаквост на оружјата.

Во наведената пресуда од страна на Европскиот суд за човекови права е констатирана повреда на член 6 став 1 од ЕКЧП, заради неодржување на усна расправа во постапка за одземање на предмети и недоставувањето на вештачењето од 2011 година на компанијата, поради што немала можност да се запознае со содржината на вештачењето и истото да го коментира и евентуално да го оспори, а откако на барање на Јавниот обвинител, во 2010 година истражниот судија ја запрел истрагата против компанијата поради отсуство на докази дека истата го изменила бројот на шасијата на спорното возило. Согласно Препораката на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Oдделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 31.01.2022 година по спроведената расправа донесе заклучок дека принципот на правично судење подразбира право на одржување на главна расправа и почитување на принципот на контрадикторност на постапката, кои треба да се применуваат и во постапката за одземање на предмети, со обврска на судот поднесоците на едната страна да ги достави на увид и на одговор на спротивната страна, вклучително и вештачења, со што ќе се почитува принципот на еднаквост на оружјата пред првостепениот суд, а согласно пресудата на Европскиот суд за човекови права (Транскоп АД Битола против Северна Македонија), бр.48057/12, § § 29-35, 1 април 2021 година). Oдделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија заклучокот го донесе за исполнување на обврската од член 46 од Европската конвенција за човекови права, за извршување на пресудата на Европскиот суд за човекови права.

Оддел за казниви дела

Заклучок на Врховниот суд за одржување расправа пред Апелациониот суд во прекршочна постапка

Врховниот суд за постапување по дополнително доставени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда

Правно мислење на Врховниот суд за начин на стекнување на сопственост врз моторно возило

Начелно правно мислење за дозволеност на жалба против решение на првостепен суд со кое е потврдено решение на нотар како повереник на судот

Надлежен орган да одлучува за гаранција истакната во жалба по притвор – заклучок на Врховниот суд

Службена белешка не е доказ во постапка пред судот

Заклучок на Врховниот суд за определување на трошоци во кривична постапка

Заклучок на Врховниот суд во врска со казнивост за обид на кривично дело „Тешка кражба“

Сентенца на Врховниот суд за еднаквост на оружјето и контрадикторна постапка

Заклучок на Вишиот управен суд за примената на член 58 став 2 од Законот за прекршоците

Врховниот суд донесе заклучок за присуство на оштетен на расправа пред првостепен суд

Врховниот суд со правно мислење за надлежност на Советот за оцена на обвинителен акт согласно член 336 став 3 од ЗКП

Заклучок на Вишиот управен суд за трошоци во управен спор

Заклучок на Врховниот суд во врска со писмени обраќања и барања од Судскиот совет

Врховниот суд утврди повеќе заклучоци поврзани со пресудата на ЕСЧП „Синадиновска против РСМ“

Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија во спорови за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Начелно правно мислење за привремена мерка во извршна постапка

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ: Прибелешка на налог за извршување во имотен лист врз недвижност на стечаен должник пред отворање на стечај и разлачно право

Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија

Сентенца за надлежност во спорови за ништовност на одредби од одлука која создава имотноправни односи

Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација

Начелен став на Врховниот суд во врска со постапувањето со предметите и престанокот на судиската функција

Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина

Сентенца за надлежен орган за одлучување за притвор по укинување на првостепена и второстепена пресуда

Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист

Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда

Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице

Врховниот суд во сентенца за кривичното дело „Силување“ се повикува на праксата на Европскиот суд за човекови права

Правно мислење на Врховниот суд за прекинување на постапка за извршување кога странка е правно лице над кое е отворена стечајна постапка

Сентенца на Врховниот суд за повторно вештачење за проценка на веродостојноста на исказот на оштетеното дете

Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка

Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител

НАЧЕЛНО ПРАВНО МИСЛЕЊЕ: Ограничување на правата од колективен договор ако за време на важењето на колективниот договор се донесе закон

Врховниот суд за прописите укинати од Уставниот суд: Судска одлука не може да се заснова на пропис кој не постои во правниот поредок

Врховниот суд со сентенци за правниот интерес за утврдување вистинитост на исправа и за прекинот на рокот за застареност

Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда

Сентенца за правото на регрес во случај на оневозможување утврдување на присуство на алкохол во моментот на незгодата

Правно мислење на Врховниот суд за укинување на потврда за правосилност и извршност на извршна исправа

Правно мислење на Врховниот суд за амнестијата на правосилно осудени лица за кои претходно била издадена потерница

ВРХОВНИОТ СУД: Не треба да плаќаат надомест станарите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, не склучиле договор и не поставиле инсталација

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Застареност на побарувањето на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во стечајна постапка

Правно мислење на Врховниот суд за возачот почетник во случаите кога го управува возилото спротивно на пропишаните услови

КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета

ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ НА ВРХОВНИОТ СУД: Изјава на обвинет за откажување на некое од правата од член 206 став 1 од ЗКП

Правно мислење на Врховниот Суд: Јавниот обвинител има обврска да даде мислење по барањата за укинување или замена на мерката притвор

Сентенци на Врховниот суд за вознемирување насочено кон физичко лице и право на совладение врз неподелена ствар

Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка

Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка

Сентенца на Врховниот суд во врска со писмена изјава на работникот за продолжување на договорот за вработување

Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови

Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи

Сентенци на Вишиот управен суд за права од работен однос, даночни права, имотноправна област и други права

Сентенци на Вишиот управен суд за прашања од имотно-правната област, правата од пензиско и инвалидско осигурување и даночните права

Сентенци на Вишиот управен суд за имотни права, за права од пензиско и инвалидско осигурување и за даночни права

„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“

СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД

ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети

Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд

СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП

М.В